Најновата книга „И јас сум Сирма” на авторот Зоран Спасов Sоф отвара ново поглавје во македонската современа литература.
Рецензентите ја класифицираа помеѓу фрагментиран роман и патувачки омнибус низ времето. Книгата претставува хибрид на сага, историско четиво, сајансфикшн, драма… Авторот, преку многу форми и жанрови, ги тестирал своите раскажувачки вештини за на крајот да добие еден франкенштајнски ултра-симпатичен текст.
Романот е составен од 32 приказни и една посебна белешка за „авторката”. Поделен е во три поглавја: „ ИСТОРИJА или ДАЛЕЧНО МИНАТО”, „ ПРИКАЗНИ или БЛИСКО МИНАТО” и „ФИКЦИЈА или БЛИСКА ИДНИНА”.
Читателот патува низ времето преку еден необичен спој на историски познати и непознати факти и фикција што го изместува секое досегашно читачко искуство.
Ова е книга што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, книга што предизвикува болка и радост, книга што би ја режирале Тарантино и Булајиќ… Книга во која се „деисторизира” нашата историја, во која заборавени историски ликови на голема врата се враќаат во нашиот мајндсет, се рехабилитираат и глорифицираат нашите неоправдано осудени антихерои и длабоко се закопуваат многу душмани на македонскиот народ.
<a href="https://youtube.com/shorts/EyJiU9aotTg?si=ZIksMV14yX6NbTRs">https://youtube.com/shorts/EyJiU9aotTg?si=ZIksMV14yX6NbTRs</a>
„И јас сум Сирма” дава и една урнебесна и гротескна паралела на општествените уредување, каде на ист мегдан се сретнуваме и соочуваме со нашите родителите и претци.
Дефинитивно станува збор за дело што не постои шанса да не го прочитате доколку ви дојде во рака, затоа што и самиот поднаслов вели дека тука станува збор за „Лектира, историска читанка и Оче наш на секој Македонец”.
Доколку и покрај погорекажаното сѐуште не сте отишле да ја купите „Сирма”, тоа сигурно ќе го направите откако ќе го посетите сајтот www.ijassumSirma.mk
Книгата може да ја најдете во продажните салони на www.literatura.mk, а вреди да се напомене дека и овој пат, кога станува збор за двоецот Арс Ламина - Sоф, средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни и добротворни цели.