Откако светот полуде по виралното Дубаи чоколадо, ќебапчилница во Сараево реши да го следи овој тренд, но на свој начин. Имено, тие во својата понуда ја вклучиле и таканаречената Дубаи плескавица, чиј фил наликува на познатото слатко уживање со ф'стаци.
Овој специјалитет веќе предизвика различни реакции на социјалните мрежи, клипот брзо се рашири за што сведочат илјадниците прегледи.
Филот на оваа плескавица е комбинација од песто сос, кајмак и пржен кромид на кој многумина не би можеле да одолеат.
Но, под објавата има коментари на поддршка, но и осуда, бидејќи сметаат дека не е сè предмет на следење трендови.
„Дојде време колку повеќе си без мозок, толку си попопуларен и ценет во општеството“, „Ем сочна, ем моќна“, „Каде е Дубаи лебот?“, „Изгледа лигаво“, ,, Што е со луѓето ?'', само дел од разновидните коментари.
Потсетуваме, познатата Дубаи чоколада од 40 грама чини околу 300 денари, додека поголемата од 180 грама двојно. Се продава и луксузно подарок пакување од околу 600 грама, кое содржи три големи чоколади со различни вкусови, а чини повеќе од 20 евра. На почетокот најчесто ги купуваа деца, но сега ги купува и помладата и повозрасната популација.