Вкупно 36,3 отсто
од анкетираните германски компании се жалат на недостиг од квалификувани
работници, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски
истражувања ИФО од Минхен.
Резултатот е
нешто поповолен отколку во октомври 2023 година, кога 38,7 отсто од германските
компании пријавиле проблеми со недостиг на квалификувана работна сила.Пред една
година, 43,6 отсто од компаниите во Германија пријавиле слични тешкотии.
– Слабеењето на
германската економија ја намалува побарувачката за квалификувани работници на
краток рок, но овој проблем нема да исчезне – коментира експертот на МФО Клаус
Ворабе.
Тој смета дека
недостигот на работници повторно ќе стане актуелен проблем кога ќе зајакне
германската економија и дека демографските промени дополнително ќе го влошат
проблемот во наредните години.
Голем процент од
германските компании кои даваат правни и сметководствени услуги, дури 69,2
отсто бараат квалификувани работници, како и 50 отсто од сите компании во
хотелиерството и логистиката.
Во производството
недостигот од квалификувани работници се намалува поради недостиг на нарачки, а
проблеми со недостиг на работна сила моментално имаат 28,2 отсто од компаниите.
Кај
производителите најпогодена е прехранбената индустрија каде 40,3 отсто од
компаниите бараат нови луѓе.
Во трговијата и
градежништвото, нешто повеќе од 25 отсто од компаниите пријавиле проблеми со
недостиг на работници.