Компанијата Герхарди Кунстштофтехник основана во 1796 ја преживеа инвазијата на Наполеон, Големата депресија и двете светски војни, ама не и актуелната криза на Европа и посебно европската автомобилска индустрија.
По подолг период на растечки трошоци и намалена побарувачка, компанијата, со 1.500 вработени, поднела барање за банкрот.
Драмата не е само за 1.500 лица, туку што истата опасност ги демне илјадниците мали европски производители кои опстојуваат во синџирот на снабдување на големите авто-производители во Европа.
Пример, француската Форвиа СЕ, која работи за Стелантис и Фолксваген, почна да крати работни места бидејќи транзицијата кон електрични возила ја намали потребата и потрошувачката на производи како менувачи или ауспуси.
Друг, пример е со германскиот производител на запчаници ЗФ, еден со најголемите производители на комплети за менувачи, кој планира да отпушти 50% од вработените (14.000 луѓе), затоа што електричните возила воопшто немаат потреба од брзини и менувачи.
Годинава европската индустрија за делови за автомобили ја завршува со 53.000 работни места помалку, од кои најголемиот дел се во Германија. Анализата покажува дека секој 5-ти производител на автоделови во Европа очекува следната година да е во минус со пари, откако годинава две-третини пријавија маржа од помалку од 5%.
Кризата во Европа се влошува и нема излез на повидок.
VW неодамна објави дека ќе отпушти 35.000 вработени во следните шест години и ќе го префрли производството на Golf Mk8 во Мексико, додека другите производители почнаа да го намалуваат и затвораат производството во одредени погони.
Извор: <a href="https://www.bloomberg.com/news/articles/2024-12-21/mercedes-star-maker-s-demise-shows-how-auto-pain-hits-suppliers">Блумберг</a>