Во наплив на искреност и отвореност албанскиот премиер Еди Рама пред претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен дал застрашувачка изјава која ретко може да се чуе на дипломатски средби.
Рама пред Шефицата на ЕК изјавил дека Албанците за пријатели се подготвени да направат чекор повеќе и да убиваат.
Според објавеното видео Фон Дер Лајен по почетниот шок од тоа што го слушнала од Рама не може да се воздржи и почнува да се смее.
Што точно сакаше да Рама да и каже на европската претставничка и дали меѓу редови испраќаше некаква порака не може да се каже со сигурност.
Видеото со изјавата на Рама и реакцијата на Фон дер Лајен на линкот
<a href="https://x.com/meme_ec/status/1849442372666736802?t=PG2iwNQDyIscaAXS-Ts04g&s=19">https://x.com/meme_ec/status/1849442372666736802?t=PG2iwNQDyIscaAXS-Ts04g&s=19</a>