Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Вратено им е државјанството на членовите на екс грчкото кралско семејство, со децении го барале

24 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Грција ја укина монархијата на референдум во 1974 година, а две децении подоцна на кралското семејство му е одземено државјанството за време на спорот за поранешниот кралски имот кој бил под државна контрола, пренесе АП.

Во одлуката објавена во службениот весник на владата стои дека е вратено државјанството на 10 членови на поранешното кралско семејство.

Меѓу нив има пет деца на покојниот крал Константин II и поранешната кралица Ана-Марија, како и пет нивни внуци.

„Со длабоки емоции ја примивме веста дека по 30 години повторно имаме грчко државјанство“, се вели во соопштението на поранешното кралско семејство на грчки и англиски јазик.

Грчката монархија била укината на референдум во декември 1974 година, кога гласачите со големо мнозинство го поддржаа републиканскиот устав, неколку месеци по падот на седумгодишната воена диктатура.

Членовите на кралското семејство живееле во егзил со децении пред Константин да се врати како приватен граѓанин во неговите 70-ти.

Ним им е одземено грчкото државјанство во 1994 година за време на правната битка за поранешниот кралски имот, кој сега е во државна сопственост.

Тие претходно го отфрлија презимето Глуксбург, кое им беше доделено со закон од 1994 година, бидејќи сметаа дека тоа премногу ги поврзува со нивното германско потекло и ги прави помалку легитимни Грци.

По објавувањето на одлуката за државјанство во службен весник, членовите на поранешното кралско семејство ќе можат да аплицираат за лични карти и грчки пасоши.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ