„Телеграф“ пишува дека тој бил пронајден мртов во изнајмен стан во Белград. Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да го добие цели седум дена. Кога дошол да провери што се случува, го нашол мртов. Тој наводно имал рана на главата.
Зимин имаше значајна кариера во медиумите и кулинарството. Тој беше главен уредник на неколку списанија. Пишуваше и како колумнист за „Комерсант“ и „Ведомости“. Покрај новинарските активности, Зимин водеше емисија за готвење и напиша неколку книги за готвење.
Откако се пресели во Лондон во 2015 година, тој почна кариера во ресторанската индустрија и отвори ресторан и направи списание. Тој беше истакнат критичар на војната во Украина, а претходно објави видео на Инстаграм во кое пее антивоена песна, пишува „Економист“.
Откако објави видео со антивоена песна, неговата руска емисија „Готвење со Алексеј Зимин“ ненадејно беше откажана на мрежата НТВ. Поранешниот руски пратеник и истакнат опозициски политичар Илја Пономарев рече дека емисијата е откажана поради „антивоените изјави на презентерот на социјалните мрежи“./МИА