-Припадниците на МВР, Одделот за борба против високотехнолошкиот криминал на Техничката управа, во соработка со Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград и полициските одделенија во Белград, Крушевац и Нови Сад во продолжение на акцијата „Армагедон“ ги уапсија М. Ј. (2001) од Трстеник, Ј. С. (1989) од Белград, В. М. (1961) од Нови Сад и Ј. А. (1990) од Сремски Карловац, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, соопштија од МВР.
Тие се сомничат дека подолг период преку интернет симнувале, чувувале и споделувале содржини создадени со искористување на деца за порнографски цели. При претресот на становите што ги користеле осомничените, во нивните компјутери полициските службеници пронашле фотографии и видео снимки на сексуална експлоатација на деца.
Податоците за криминалните дејствија се прибирани преку платформата „Те чувам“, која укажувааше и на обиди за физички средби со деца, како и преку платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) од САД, со кои продолжи успешната соработка, соопштија од МВР.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство./МИА