Претседателот на
Србија, Александар Вучиќ, гостуваше во емисијата „Четвртоци во 9“ на РТС каде
зборуваше за „Северен поток“ како и за санкциите кон НИС.
Вучиќ,
коментирајќи го развојот на ситуацијата во светот кога Доналд Трамп ќе го
преземе претседателството во САД на 20 јануари, оцени дека ќе следи жесток
конфликт меѓу Америка и Кина, кој, на крајот, ќе заврши со договор.
- Ќе влезат во
жесток конфликт со Кина, бидејќи знаат дека Кина им е најголемиот конкурент за
светска доминација. Но, ќе треба да се договорат со Кина и ќе тргнат на Европа...
За не повеќе од една година Американците ќе го купат Северниот тек - изјави
Вучиќ.
Тој смета дека
Американците и Русите ќе се договорат за крај на војната во Украина.
- А ние малите да
се скриеме под карпа и да видиме како да си ја спасиме сопствената држава... Ќе
има многу проблеми, но ако си ја работиме работата како што треба, не гледам
големи тешкотии во иднина – рече тој.
Вучиќ најави и
голема борба против корупцијата и дека на мета ќе бидат многу луѓе од врвот на
локалната и регионалната власт.