Во 1952 година, додека пловел околу Бриони, Јосип Броз Тито видел див остров наречен Ванга. Му се допаднал на прв поглед и решил да го изгради по свој вкус и лично почнал да го чисти напуштениот остров каде што престојувал поголемиот дел од времето.
Покрај плажата и луксузната вила на Ванга, Тито имал и куќа за слуги, лекари, фотолабораторија подарок од претседателот на Америка Џон Кенеди и мала браварска работилница каде ги усовршувал своите одамна стекнати вештини. Тој сакал да поминува време во летните месеци на овој остров, уживајќи во сонцето и морето.
На Ванга немало плажа, но подоцна е направена од бели камчиња и има голема тераса каде што ги прелистувал весниците под сенка и го пиел својот омилен пијалак, се наоѓа веднаш до пристаништето каде што се закотвуваат бродови.
Плажата, која била изградена за Тито во раните 60-ти, сега е само добро познато место за капење што го користат сите хрватски претседатели. Тоа е се што користат претседателите од Титовата оаза, доаѓаат, се бањаат и се враќаат во Белата вила на Бриони.
<b>Вилата на Ванга е своевиден музеј</b>
Вилата на Ванга е мал музеј на дизајн од 60-тите и 70-тите години на минатиот век и се состои од неколку простории, македонски салон кој бил работна соба на Јосип Броз, а украсен е со дрвен мебел со богати резби од мајстори од Охрид, како и кожен мебел.
Дневната соба била во медитерански стил со бел пластичен мебел, шанк и машина за еспресо кои многу дизајнери и денес ги копираат. Мали скали водат горе до одаите на Јованка, порано таму имало слики од Марија Броз, мајката на Тито, како и слики од Пикасо, со кој Тито бил пријател, кој му ги сликал во замена за сандак квалитетно далматинско вино.