Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Лицето кое вчера рани со нож четворица случајни минувачи во Урошевац бил осуден за убиство

12 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Извори од косовското обвинителство изјавија за медиумите дека осомничениот напаѓач бил порано казнет на 15 години затвор за убиство на неговата сопруга.

Во одделни напади што се случија вчера попладне на три локации во близина на центарот на Урошевац, вооружен маж рани две 10-годишни девојчиња и двајца мажи на околу 30-годишна возраст.

Ранетите се пренесени во ургентниот центар во Урошевац, а едно од девојчињата, кое се здобило со потешки повреди, е однесено во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово во Приштина, од каде што денеска информираа дека е приклучена на апарати, но состојбата ѝ е стабилна и е надвор од животна опасност.

Полицијата веднаш по нападот уапси 59-годишен маж за кого се сомневаше дека го извршил нападот, но подоцна објави дека се испоставило оти истиот е невин и е пуштен од притвор, а денеска го уапсила лицето за кое вели дека има основани сомневања дека е сгторителот./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ