Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Хрватска: На осомничениот за шесткратното убиство одреден му е едномесечен притвор

24 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Заменик окружниот државен обвинител, кој ја спроведе истрагата нареди обдукција на жртвите.

Полицијата утврди дека осомничениот во понеделникот влегол во просториите на Дом за сместување на стари и изнемоштени лица во Дарувар, каде извршил 11 кривични дела пукајќи од огнено оружје со намера да ги одземе животите на неколку лица.

По инцидентот Пахоки беше уапсен во ресторан недалеку од Домот за стари и изнемоштени лица многу брзо по пријавувањето на пукањето, а со себе имал и нерегистрирано кратко огнено оружје.

На местото на нападот загинаа пет лица, меѓу кои и мајка на Пахоки, штитеници и еден вработен во домот. Едно лице им подлегна на повредите во болницата во Вировитица.

Од 2012 година до јуни годинава хрватската полиција трипати реагирала против Пахоки поради нарушување на јавниот ред и мир и за семејно насилство.

Градот Дарувар и целата Бјеловарско-билогорска жупанија денеска прогласија Ден на жалост поради шесте убиства, за кои е осомничен поранешниот воен полицаец Пахоки.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ