Според д-р Драган Николиќ, управител на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, пациентите се под постојан мониторинг, а извршени се и дополнителни дијагностички процедури, пишува Телеграф.
„Сѐ уште се во животна опасност, се очекуваат периоди со секундарни компликации од тие повреди, мора да внимаваме на прогнозата на општата здравствена состојба.“
Д-р Николиќ изјави дека двајца пациенти се свесни, додека еден пациент се уште е на механичка вентилација.