„Шокантни информации. Дојдовме до неверојатни информации за координиран украинско-хрватски напад врз Србија. Значи, најдовме докази. Група лажни студенти, можеби според индексот се студенти, но затоа група хрватски разузнавачи маскирани во група хрватски студенти, туристи, дојдоа заедно со украински екстремисти во Белград и работат тука за да го соборат Вучиќ и да ја киднапираат државата заедно со студентите кои блокираат одредени универзитети тој е со неутврден број, сега имаме осум идентификувани, живее во Белград“, пишува главниот уредник на белградски Информер, Драган Вичиќевиќ тој, а дел од тоа пренесе и порталот <a href="https://www.b92.net/info/politika/90118/sokantne-informacije-hrvatski-i-ukrajinski-studenti-ruse-vlast-u-srbiji-video/vest">Б92..</a>
Според уредникот станува збор за лица кои себе се претставиле како студенти и кои престојувале во зградата на Техничките факултети на Универзитетот во Белград на 28 декември, односно сабота. “Лажни студенти, а всушност шпиони се Марко Јуриќ, Ела Кумер, Антионио Дамјановиќ, Марин Цапан, Катарина Пешиќ, Ловро Рагуз, Лука Задро, Карла Баричевиќ...“ пишува <a href="https://informer.rs/politika/vesti/975877/hrvati-spijuni-protesti-studenti">Информер.</a>
Утрото на 27 декември во 6 часот ја минале српската граница и дошле со автобус. Српските надлежни државни органи и специјалните служби ги забележале, ги ставиле под надзор, а потоа била утврдена шокантната вистина, објасни Вучиќевиќ.
„Имено, за што се работи? Тие агенти, маскирани во студентски туристи, наводно во 6 часот наутро на 27 декември ја преминале хрватско-српската граница и влегле во Србија. На прашањето на надлежните државни органи на Србија зошто доаѓаат во Белград, тие одговорија дека доаѓаат за туризам, да го посетат Белград и дека се враќаат во Хрватска на 30 декември“.
„Дошле со автобус. Го паркирале тој автобус во Борча. Во текот на денот, кога се сместиле во Борча, се поделиле во групи во неколку белградски хостели, бидејќи во хостел нема потреба да оставаат информации. Потоа од таму се преправаат дека се студенти, туристи за да ја збунат патеката. Тие во 11.52 одат во Куќата на цвеќето (гробот на Тито), отидоа таму како да го посетуваат Тито, за да ги забележат и потоа да може да се каже дека се шетаат како туристи“.
„Истата вечер, хрватски шпиони, оперативци на СОА отидоа во ЕТФ (Електро техночки факултет). Дали некогаш сте слушнале дека некои туристи одат на ЕТФ?! Тие уште одат навечер и за време на блокадите. Па тоа е Марко Јуриќ, што бараше таму Што бараат Хрватите и украинските екстремисти на ЕТФ“, вели Вучиќевиќ.
Тој наведе дека со хрватските „студенти“ имало и еден украински „студент“ кој во Загреб дошол од Киев, а од Загреб во Белград - Олексеј Чумаков, кој веќе бил уапсен во Белград за неовластено снимање со дрон на зградата на Генералштабот и друга владини згради.
„И не е само Марко Јуриќ. Имаме информации и за други луѓе кои биле присутни. На сликите пред ЕТФ направени синоќа е Марко Јуриќ. Со него беа и:
Ела Кумер, родена 2002 г.
Антонио Дамјановиќ, малку постар, роден 1998 г.
Марин Цупан (или Цупан Марин), роден 1999 година. Најпознатото име меѓу овие „студенти“ е Марин Цапан, претседател на невладината организација „Мрежа младих Хрватске“. Денеска ќе добијат нови инструкции во хрватската амбасада, а на техничките факултети беа заедно со Олексеј Чумаков, кој се уште е таму“ објави Информер.
„Многу интересно, што Марин Цапан учествувал на семинар за иднината на Балканот пред 2-3 години, одржан во хотел во Ужице. Семинарот бил организиран од невладина организација, а Цапан наводно разговарал за улогата на младите во Југоисточна Европа“.