Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

20 години затвор за масовниот убиец од Србија, Урош Блажиќ

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Урош Блажиќ денеска беше осуден на првостепена казна затвор на 20 години за масовното убиство во Србија кај Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубона на 4 мај минатата година, одлучи Вишиот суд со седиште во Смедерево, но неговиот судски совет ја прочита пресудата во белградскиот Специјален суд, јави Бета.

Урош Блажиќ е осуден на максимална можна казна за помлади лица бидејќи немал 21 година во моментот на злосторството, кога уби девет млади лица, а рани 12.

Неговиот татко Радиша Блажиќ, полковник во пензија, е осуден на 20 години за недозволено поседување оружје, со кое се изврши кривичното дело.

Судијката Лидија Јовановски изрекувајќи ја пресудата рече дека Урош Блажиќ делото го сторил во пресметлива состојба, свесен за неговата улога во несовесно насилничко однесување, дека пукал без причина со намера да убие. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ