Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

7 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ