Меѓу многуте скелети, еден се издвоил поради бизарен детал. Било јасно дека покојната е погребана со срп преку вратот и огромен катанец на ногата.
По извршената анализа, утврдено е дека се работи за осумнаесетгодишно девојче, на кое археолозите ѝ го дале името Зоша. Таа починала пред најмалку 350 години.
Катанецот и српот укажувале дека мештаните „се плашеле дека е вампирка“, па презеле „мерки“ да ја спречат да го напушти гробот, пренесува Дејли Мејл.
Просторот со необележаните гробови локалните жители со генерации го избегнуваат, а на него никогаш не се градело.
Во неодамна објавениот документарец Sky History, откриени се детали од бизарен ритуал од 17 век, додека експертите го „оживеале“ лицето на закопаната тинејџерка.
Така, се истакнува дека употребата на срп и катанец претставува „уникатен пример во полскиот фолклор“, како и дека Зоша имала одредени „абнормалности во градите“, можеби физички деформитет.
Истражувачите шпекулираат дека таа ги исплашила мештаните токму поради тој деформитет, па била погребана на „посебен“ начин.
„За време на ископувањето наидовме на нешто метално. Нежно ја отстранивме почвата и го видовме српот“, вели професорот Дариус Полински.
How Poland's mysterious 'vampire' spent her final moments: Wealthy 18-year-old dubbed 'Zosia' was pinned to the ground with a sickle across her throat and a padlock on her toe to 'prevent her returning from the dead' https://t.co/sON9FiwsYh pic.twitter.com/9ocRzajyJS
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 28, 2024
Историчарот Ден Џонс признава дека бил исклучително возбуден кога слушнал за откритието.
„Никогаш не сум видел нешто слично. Дали е ова доказ за злосторство, нешто натприродно или уникатно лудило? Се вративме во минатото кога во Европа владееја различни правила“.
Освен српот и катанецот, археолозите пронашле и остатоци од свилената капа со која била закопана Зоша, што укажува на тоа дека таа имала висок социјален статус.
Откако починала за време на шведско-полските војни, истражувачите шпекулираат дека можеби била Швеѓанка и се сметала за „странец“.
Експертот за реконструкција Оскар Нилсон дигитално го скенирал нејзиниот череп и „направил лице“ со помош на 3Д принтер. Зоша е прикажана со светол тен, сини очи и скратена коса.
Forensic artist Oscar Nilsson is tasked with reconstructing the face of “Zosia,” a woman buried as a vampire in 17-century Poland – and hopes to restore her human dignity in the process. “Field of Vampires” premieres Wednesday, October 30 at 10/9c on PBS. pic.twitter.com/90bLiTahmB
— Secrets of the Dead (@SecretsPBS) October 28, 2024
Експертите откриваат дека гробиштата биле наменети за покојниците кои биле „исклучени од заедницата“ за време на нивниот живот. Нема ниту пишана евиденција за телата во областа.
Некои биле погребани со лицето надолу, други оптоварени со камења, а некои имале монети во устата.
Во триесетте откриени гробници биле закопани трудница, дете, маж со дете пред неговите нозе и жена со сифилис во напредна фаза.