Мечка упаднала на погреб во романскиот град Бордосиу и предизвикала невидена паника кај седумдесетината ожалостени кои дошле да го испратат починатиот!
Романската телевизија Антена 3 јавува дека мечката излегла од шумата и застанала на патот на погребната поворка која се движела кон гробиштата, но, исплашена од крикот на луѓето, веднаш се вратила во шумата.
- Да бевме помалку, мечката ќе не нападнеше, но се исплаши и побегна! Истрча кон ридот по што се сврте и погледна неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат, но и мечката беше многу вознемирена, рекол еден од присутните на погребот.
По инцидентот, погребот продолжил.
Мештаните, иако опасноста поминала, се плашат од нова средба со мечката бидејќи гробиштата се опкружени со шума. Медиумите пренесуваат дека мештаните од страв од мечки избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски.