Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Принцот Хари и Меган не се поканети на традиционалниот Божиќ со кралското семејство

1 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл не се поканети на божиќната забава на кралското семејство. Како што изјавил извор за „People“, парот не добил покана за традиционалниот кралскиот собир во Сандрингем.

Хари и Меган последен пат го прославија Божиќ со кралското семејство во 2018 година, истата година кога се венчаа. Меѓутоа, во последно време парот не е во добри односи со членовите на семејството. Тие не беа ниту поканети на годишната прослава „Trooping the Colour“.

Претходно, Хари беше во Велика Британија на 10-годишнината од Игрите Invictus,но ниту тогаш не се сретна со својот татко, кралот Чарлс, ниту со својот брат Вилијам. Хари наводно дошол до својот татко еден месец пред настанот, но Чарлс го одбил.

„Доколку кралот сака да го види Хари, лесно ќе најде време. Никогаш не можете да бидете премногу зафатени за да го видите вашиот син“, изјави претходно кралскиот експерт Хуго Викерс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ