Меланија Трамп
повторно стана прва дама на Соединетите Американски Држави, бидејќи нејзиниот
сопруг Доналд стана претседател. Малкумина знаат каков живот води првата дама и
дека има свое богатство кое нема никаква врска со Трамп.
Неколку недели
пред изборите, Меланија ги објави своите мемоари во кои детално ја опиша
својата животна приказна. Веќе е познато дека на млада возраст ја напуштила
родната Словенија во потрага по подобар живот, а според неа заминала „за леб“.
Таа пораснала во
поранешна Југославија, каде што натпросечен живот обезбедувале нејзините
родители, мајката Амалија, шивачка и таткото Виктор, продавач на автомобили.
Семејството често летувало на Јадранот, а во зима оделе на скијање во Австрија.
Меланија се
сеќава дека нејзиниот татко имал импресивен возен парк од возила, поради што,
како што тврди, ги следеле агентите на тајната полиција. Покрај тоа, таа
споменува и приватна дадилка која се грижела за неа и нејзината сестра.
Иако студирала
индустриски дизајн и архитектура во Љубљана, таа решила да се посвети на
манекенството. Таа се преселила во Милано и Париз, а во 1996 година пристигнала
во Њујорк, каде набрзо го запознала Доналд Трамп. Почетокот на нејзиниот живот
во Америка бил скромен, живеела во мал стан во близина на паркот Грамерси, но
нејзината решителност и амбиција и помогнале да се пробие.
Таа живее од
своето богатство, а не од нејзиниот сопруг.
Откако се омажи
за еден од најбогатите луѓе на светот, таа е финансиски обезбедена, но
нејзиното богатство не е поврзано само со нејзиниот сопруг. Меланија заработува
значителна сума пари од лиценцирање на нејзините фотографии, како и од јавни
настапи. Таа, исто така, има голем број деловни потфати, вклучувајќи ја и
продажбата на виртуелни колекционерски токени и брендот за накит „Melania
Timepieces and Jewelry“, кој заработи околу 45 милиони долари. Нејзината
финансиска независност се гледа и на нејзината банкарска сметка, каде
моментално има околу 70 милиони долари.
Иако не е ни
приближно цифрата на сметката на нејзиниот сопруг, сепак тоа е значителна сума.
Американските медиуми пренесуваат дека Доналд и Меланија го смениле брачниот
договор минатата година, за да ја осигураат Меланија во случај Доналд да се
соочи со големи финансиски обврски по евентуални правни загуби.