Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

ОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дижарик изјави дека поради опструкциите од страна на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок во северна Газа, јави Анадолија.

Дижарик одговараше на прашањата на новинарите за случувањата на Блискиот Исток.

Нагласувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дижарик истакна дека жителите од овој регион речиси и да не добиваат помош повеќе од 40 дена и оти хуманитарната ситуација е особено тешка во одделни региони.

- Луѓето се борат за опстанок во опколените области во северниот дел на Газа, рече Дижарик, повикувајќи се на информации добиени од Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) на ОН.

Наведувајќи дека израелските војници продолжуваат да спречуваат помошта да стигне до подрачјата како што се Беит Ханун, Беит Лахија и Џабалија, Дижарик нагласи дека 27 од 31 обид за помош планирани само овој месец се одбиени, а останатите четири се сериозно успорени.

- Искрено кажано, сите обиди на ОН да ги поддржат луѓето во опколените области северно од Газа се отфрлени или блокирани, рече Дижарик.

Портпаролот на генералниот секретар го сврте вниманието кон гладот ​​што ќе настапи во регионот каде што се затворени сите пекарници и целосно е блокирано снабдувањето со гориво, пренесува Анадолија. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ