Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Домашниот миченик и го спасил животот

14 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пам Менсфилд во 2013 г. вдомила кученце од расата германски овчар, не била ни свесна што би можело да се случи неколку години подоцна.

Пем Менсфилд (74) денеска не би била жива ако не било нејзиното куче по име Џипси. Имено, оваа баба има дијабетес тип 1, поради што мора редовно да го контролира нивото на шеќер во крвта и да прима инсулин. Во спротивно, може да падне во дијабетична кома која може да биде фатална.

Сепак, Пем не размислувала за сето тоа кога во 2013 година зела кученце од расата германски овчар, не знаејќи дека кучето еден ден ќе ѝ го спаси животот.

- Спиев во креветот кога во четири часот наутро Џипси почна како луда да скока по мојот кревет. Таа лаеше и ‘ржеше, и ми ја влечеше ноќницата, ме лижеше по лицето и не се откажуваше. Се обидов да ја смирам и да заспијам, но таа не се откажа. Упорно ме туркаше и не ми даваше повторно да заспијам... Во еден момент само помислив: „Што по ѓаволите се случува?“. Кучето никогаш не се однесувало така и не се откажуваше додека не бев целосно будна - се присетила Пем.

Дури тогаш сфатила дека не се чувствува добро и веднаш го зела апаратот за мерење на нивото на шеќер. Ја фатила паника кога ги видела вредностите, бидејќи сфатила дека мора итно да земе инсулин. Ја делеле минути од состојбата на дијабетична кома и ако продолжела да спие, којзнае што ќе ѝ се случело.

- Тоа беше еден од полошите напади што сум ги имала. Немав никаква причина да се разбудам среде ноќ. Не бев ни свесна дека шеќерот ми паднал под границата. Не знам што се случи, но знам дека ако не ме разбудеше Џипси, ќе паднев во кома и ќе умрев – додала таа.

Откако си дошла на себе, Пам сакала да стане и да оди во тоалет, но кучето не дозволувало.

- Не ми дозволуваше да станам од креветот. Таа е исклучително заштитнички настроена кон мене, никогаш не сум имала куче како неа. Ја сакам, таа ми е како член од семејството – изјавила Пем со солзи во очите.

Дури и кога инсулинот се вратил во нормала, кучето не ја оставало ни за момент.

- Легна до мене во креветот, со часови не мрдаше. Кога станав, таа внимателно одеше зад мене како да се плашеше да не паднам. Таа е толку прониклива и грижлива, и се чини дека ме познава многу добро, додала Пем.

По неколку дена, таа му кажала сè на ветеринарот, кој ѝ објаснил дека кучето веројатно ги намирисало кетоните во нејзиниот здив додека спиела, супстанца која се создава кога телото не добива доволно гликоза.

-Џипси не беше дресирана за такви работи, реагираше инстинктивно во желбата да ме заштити и ми го спаси животот - заклучила Пем.

Инаку, Пем е вдовица која живее сама и благодарение на нејзиното куче може да ужива во играта со своите внуци, пишува Метро.

Дијабетичната кома е состојба опасна по живот која се јавува кај луѓе со дијабетес кои имаат сериозно нерегулирано ниво на шеќер во крвта. Имено, дијабетичната кома се заканува кога некој со дијабетес има прениско ниво на шеќер во крвта (хипогликемија) или превисоко ниво на шеќер (хипергликемија).

Симптомите се:

оневозможен говор

проблеми со видот

поспаност

слабост

главоболка

немир

паѓање во кома

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ