<span style="font-family:"Arial",sans-serif;
color:black;mso-themecolor:text1"> „<b>5 за 50“</b>, токму така гласеше
поканата на Луца Лазова по повод нејзиниот јубилеен роденден, но и проект, кој
на едно место собра пет композиции на кои, како што откри на синоќешната убава
дружба, работела веќе некое време. Во присуство на семејството - сопругот Наум
Петрески, ќерката Македонка, синот Стефан, медиуми, роднини, пријатели,
колеги... Зуица направи одлична забава, што ја нарече мало патување низ
времето. </span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif;
color:black;mso-themecolor:text1">-Идејата 5 песни за 50 години ја добивме,
разработувавме и успешно истуркавме со мојата Соња Дојчиновска-Јанаќиевска која
е и автор на музиката и текстот на три авторски песни од проектот,
раскажа Зуица и откри како за овој проект решила да соработува со целото
свое семејство - сопругот, децата и свекрвата.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif;
color:black;mso-themecolor:text1">- Македонка одамна имаше желба да ја снимиме
„Симпатија", па не се ни двоумевме што да отпееме заедно. „Ќе ти купам
широк фустан Зуице" е песна со мојата свекрва Анастасија Петреска,
која во последните 18 години ме чува како мајка. Мајка ми почина
рано, но таа ми е како мајка и се грижи за сите нас. Мама Анастасија, покрај
тоа што го чува своето чедо Наум, ме чува и мене. Затоа решив да снимам песни
со целото семејство, а секако и со мојата мајче. Ова ѝ беше ветено од лани, за
нејзиниот роденден, но тогаш не успеавме да го снимиме, но затоа сега за мојот
роденден и се исполни таа желба, рече Зуица и појасни дека „Даме
комита" првично требало да ја пеат само таа и Стефан, но сфатиле дека ќе
биде уште поинтересно доколу наместо дијалог на мајка и син, го вклучат и тато
Наум. </span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif;
color:black;mso-themecolor:text1">За овие 50 години Зуица никако не ја заборави
ниту својата прва љубов, хармониката, па ја претстави и темата „Мојата
хармоника“, но и одличната „Реканска“.</span>