Драгана Мирковиќ, Лепа Брена и Светлана Цеца Ражнатовиќ се трите најбогати музички ѕвезди во соседна Србија. Нивното богатство се брои во милиони евра, а освен пари поседуваат недвижен имот, имоти, јахти, фирми.
Драгана Мирковиќ и по разводот останува најбогатата пејачка, а нејзиното богатство се проценува на 100 милиони евра. Покрај недвижен имот, Драгана ја има и телевизијата ДМ сат, но тоа не и значи ништо.
- Избирам се друго, само да не бидам богата и несреќена. Не му го посакувам тоа никому. Луѓето грешат кога мислат дека богатството е гаранција за среќа.
Вицешампионка на оваа листа направена од медиумите во соседството е Лепа Брена со 80 милиони евра. Покрај недвижен имот во Мајами, Монте Карло и Белград, ѕвездата поседува и јахта закотвена во Црна Гора. Таа до пред неколку години беше и сопственик на Гранд продукција.
Богатството на Цеца Ражнатовиќ се проценува на 40 милиони евра. Една од најплатените пејачки поседува недвижен имот во Белград и Кипар, а нејзиниот концерт на Ушќе е на светската листа на најпосетувани.
- Можам сама да си дозволам се, не ми треба маж да ме финансира. Ми треба некој да ми покаже искрени чувства, внимание и љубов.
Здравко Чолиќ важи за еден од најскапите пејачи на Балканот, а во 2019 година постави рекорд со 6 концерти по ред во Белградска арена. Неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.
-Почитта и честа ги сметам за најважни и тоа би сакал да им го пренесам на моите ќерки. Не е се до парите и богатството, изјавил Чола во една прилика.
Јелена Карлеуша е „тешка“ 20 милиони евра. Таа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ пред неколку години купија вила на Дедиње од Драган Стојковиќ Пикси, вредна околу 3 милиони евра.
- Пораснав во скромен дом во Нов Белград. Растењето во сиромаштија и грубите деведесетти ме научи да се борам и да бидам поинаква од другите личности во шоубизнисот.