За безбедното возење на првиот човек на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, се грижел ни помалку ни повеќе туку Србин. Тоа е Војин Ивичиќ, сопственик на компанија за изнајмување луксузни автомобили во Њујорк, кој е во брак со русокосата фолк пејачка од соседството Марина Ивковиќ-Бозало.
Можеби не е доволно присутна во јавноста, но, како што изјавила за медиумите во соседството пред некоја година, добро им е позната на сите членови на семејството Трамп, за чиј превоз тогаш се грижел нејзиниот сопруг Војин. Тој тогаш бил сопственик на компанија за изнајмување на луксузни лимузини во Њујорк, а неговите возила ги користеле јавни личности. Роден е во Босна и Херцеговина, дипломирал на Економскиот факултет во Сараево, а потоа се преселил преку барата. Милионерот Доналд Трамп бил еден од првите клиенти на Војин. До 2016 година го возел само него, а потоа станал шофер и на сопругата Меланија.
Пејачката своевремено рекла дека имала среќа да ги запознае Доналд и Меланија, како и дека тој бил срдечен и се однесувал како да се знаат цел живот.
- Тој е господин, а мојот сопруг со него соработува со години, рекла во една прилика пејачката и додала: - Има се во животот, но се однесува како обичен човек. Тој е толку едноставен и нормален. Затоа мојотсопруг многу го почитува.