Србија ходинава
во Шведска на Евровизија ќе ја претставува Теја Дора со песната „Рамонда“.
Нејзиното
вистинско име е Теодора Павловска, а родена е во Бор во 1992 година. По
завршувањето на средното музичко училиште, таа станала стипендист на
престижниот музички колеџ Беркли во Калифорнија.
Откако студирала
во Беркли, неколку години живеела во Њујорк, каде пишувала песни на англиски
јазик. Во Србија таа се враќа на музичката сцена пред се со компонирање за
други уметници. Популарноста ја стекна само со песната „Џанум“ која ја одбележа
серијата „Јужен ветер: забрзување“.
Инспирацијата за
песната „Рамонда“ ја нашла во цветот на Наталијана Рамонда, ендемско растение
на централниот Балкан.
Овој цвет има
силна симболика за Србите, бидејќи е симбол и на Денот на примирјето во Првата
светска војна.
По пбедата таа им
се обрати на новинарите и истакна дека допрва и се смируваат впечатоците и дека
не е целосно свесна што се случува.
„Сè уште не можам
да верувам. Многу сум збунета, се чувствувам феноменално, многу сум им благодарна
на сите што гласаа. Сето ова беше неочекувано за мене, но сега се помирувам со
она што навистина се случува. Сè уште не сум стигнала да видам кој ми се јави.
Сè уште стојам на фактот дека најголемата порака е дека можеме се и се надевам
дека Европа ќе го препознае тоа“, истакна Теја Дора.
Иако важеше за
еден од фаворитите, таа вели дека не очекувала победа.
„Не очекував.
Луѓето ја препознаа искреноста, емоцијата и таа симболика, колку се силни
нашите луѓе, би сакала песната да заживее после ова“, вели таа.