Актерката објасни што прави секој ден.
Кога ќе ја погледнете Џесика Алба, ретко кој би ѝ дал 43 години. Познатата актерка изгледа како тинејџерка, а како што признава и сама, тајната на нејзиниот младешки изглед се крие во секојдневната масажа на лицето. Сепак, најголемиот адут на Алба е мешавината од крема и прајмер.
Иако има многу обврски и постојано е во движење, што секако ја заморува, Алба се труди секој ден да одвои доволно време за да се посвети на закрепнувањето на кожата.
Ова често е многу тешко да се спроведе, бидејќи актерката има три деца, снима филмови, а основала и своја козметичка компанија...
Џесика пред неколку години објави видео во кое чекор по чекор го опишува начинот на кој се шминка.
- Започнувам со добра хидратантна крема. Трикот е во тоа што оваа крема ја мешам со сјаен прајмер. И пред кожата целосно да ги впие овие состојки, се масирам со масажер за лице.
Актерката на шега вели дека се работи за брз процес на подмладување.
- Вака се чувствувам како да ми се одземени 10 години од животот - вели Алба додека си го масира лицето со апарат за масажа.
Многу е важен и начинот на нанесување на пудрата.
Имено, Алба смета дека најдобро е тоа да го правите од средината на образот кон вратот.
- Мислам дека најдобар начин со „шминка“ да постигнете природен изглед е да користите тонови и бои кои одговараат на вашиот тен на кожа - заклучила Џесика Алба.