Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Диди чека судењето во Бруклин: Двапати му е одбиена кауцијата

18 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На некогаш мегапопуларниот музичар досега  на два пати му беше одбиена кауција. Медиумите пренесуваат дека тој може да биде осуден на доживотен затвор.

Поранешната ѕвезда на шоуто „Брак на прв поглед“ Тимоти Смит претходно беше во федерален затвор, а сега откри во какви услови живее Диди, пренесува „Дејли мејл“. Според него, Диди се наоѓа во дел од затворот каде што нема пристап до други затвореници и има многу ограничена комуникација со надворешниот свет.

Комбс е во притвор од септември, откако беше обвинет дека со години со помош на соработници злоставувал жени, употребил насилство, уцени, па дури и киднапирања .

Според последните информации, обвинителите во Њујорк го обвинија Диди дека се обидел да манипулира со потенцијалните сведоци и јавното мислење од затворот со цел да влијае врз членовите на поротата за претстојното судење за трговија со луѓе.

Тврдењата се изнесени во пријавата до федералниот суд во Менхетен, барајќи да се отфрли неговото последно барање за кауција од 50 милиони долари.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ