Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Западни амбасади во Киев се затвораат-Дали светот е на раб на Трета светска војна?

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 По неколку часа, одлуката на САД, ја следеа и Шпанија, Италија и Грција, кои исто така ги затворија амбасадите. Пентагон будно ја следи состојбата, особено откако Украина прв пат истрала американски балистички ракети врз Русија, а Москва се закани со нуклеарно оружје, ако каков било напад врз Русија во иднина биде поддржан од нуклеарна сила.  

-Не сме изненадени од руското ажурирање на нејзината нуклеарна доктрина. Тоа е нешто со кое тие сигнализираат дека се стремат кон ажурирање во последните неколку недели. Toa e неодговорна реторика што сме ја виделе и претходно и пред две години. Продолжуваме да ја набљудуваме состојбата, но немаме никаква индикација дека Русија се подготвува за нуклеарно оружје во Украина. , изјави Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон.

Воената помош на Бајден, точно два месеца пред да ја му ја отстапи Белата куќа на непредвидлиот Трамп продолжи и денеска. Тој сега ѝ одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, чија цел е да го забави напредувањето на руските трупи на истокот. Украинскиот претседател Зеленски призна дека Украина без американска помош не може да ја добие војната.

-Што ако ако американската администрација ја скрати воената помош за Украина? Ако ја скрати, мислам дека ние ќе загубиме. Секако дека ќе останеме и ќе се бориме. Имаме производство, но тоа не е доволно да победиме и недоволно да преживееме. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

И додека светот ги чека наредните чекори на Вашинтон и Москва, угледниот „Ројтерс“, повикувајќи се на добро упатени извори во Кремљ објави дека Путин е подготвен да разговара со Трамп за прекин на огнот, но без можност за големи територијални отстапки во четирите окупирани региони, туку единствено во областа на Харков и Миколаев. Кремљ само кусо соопшти дека Путин е подготвен за преговори, но не и за можност за замрзнување на конфликтот. Макрон синоќа ја повика Кина да се вклучи во деескалација на состојбата. 

-Ja повикувам Русија да се вразуми. Таа има одговорност како постојана членска на Советот за безбедност на ОН. Исто така, апелирам и до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја искористи сета своја тежина, влијание и преговарачки капацитет кон претседателот Путин за да ги запре нападите, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Вчера Украина истрела шест ракети со долг дострел врз Русија, откако бајден даде зелено светло. Ниту тој, ниту Трамп јавно не се огласија за опасноста од ескалација на војната во Украина.   

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ