Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Трудо му ветил на Трамп построга контрола на границата меѓу САД и Канада

2 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој рече дека политичарите разговарале за дополнителни безбедносни мерки што Канада треба да ги воведе.

- Ќе се обидеме да набавиме, на пример, дополнителни дронови, дополнителни полициски хеликоптери, ќе преместиме персонал … веруваме дека границата е безбедна, рече Леблан.

Тој истакна дека средбата била многу срдечна и оти двете земји се цврсто економски поврзани.

- Мислам дека е важно да им покажеме и на Канаѓаните и на Американците дека презедовме видливи мерки на границата, додаде тој.

Трудо отпатува за Флорида во петокот за да има вечера со Трамп, кој најави дека ќе воведе царини од 25 отсто за канадски стоки, освен ако Отава не направи се што може за да ги спречи мигрантите да влезат во САД и да го намали шверцот на дрога од Мексико преку Канада во Америка.

Со оглед на тоа што Канада извезува 75 отсто од своите стоки и услуги во САД, новите царини би биле голем товар за економијата на земјата./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ