Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Рјабков: Евентуалното распоредување нуклеарно оружје во Полска ќе биде легитимна воена цел

25 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Евентуалното трајно распоредување нуклеарно оружје на НАТО во Полска ќе биде легитимна воена цел за Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во изјава за руските медиуми Рјабков наведе дека заедничките нуклеарни мисии на земјите на НАТО во близина на границата со Русија претставуваат закана за руската безбедност.

Полскиот претседател Анджеј Дуда неодамна изјави дека полските власти се подготвени да примат американско нуклеарно оружје на своја територија.

-Сите политичари кои зборуваат за таква опција во и надвор од Полска треба да знаат дека каков било чекор во таа насока нема да придонесе за безбедноста на Полска и соодветните објекти неизбежно ќе бидат цел, рече Рјабков. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ