Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Песков: Телефонската линија меѓу Москва и Вашингтон за деескалација не е во употреба

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

-Имаме посебна безбедна линија за комуникација меѓу двајцата претседатели, Русија и САД. Дури и за видео комуникација, изјави Песков за руските медиуми. 

Песков потоа додаде дека линијата е во употреба. 

Британските медиуми пренесуваат руски дипломати кои предупредуваат дека актуелната криза меѓу Москва и Вашингтон е споредлива со кубанската нуклеарна криза во 1962 година. 

Кремљ соопшти дека Русија го гледа нуклеарното оружје е средство за одвраќање и дека ажурираната нуклеарна доктрина на Москва има за цел да им стави јасно до знаење на потенцијалните непријатели за неизбежноста од одмазда доколку ја нападнат Русија. 

Оттаму наведуваат дека Москва смета дека употребата на ракетите ATACMS со долг дострел, што Вашингтон и ги испорача на Украина, се јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот. 

Откако светските медиуми во неделата објавија дека САД ја овластиле Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија, руското Министерство за одбрана вчера објави дека украинските вооружени сили во текот на изминатата ноќ извршиле напад со шест балистички ракети ATACMS во регионот Брјанск.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ