Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Огромен пожар во болница во Русија- пациентите скокаат преку прозорци (ВИДЕО)

18 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Руските медиуми утринава јавија дека покривот на Централната болница бр. 3 во Екатеринбург гори, а пациентите и посетителите се евакуирани, пишува Мирор.

На снимката на социјалните мрежи се гледа како луѓето скокаат од прозорец на покривот на друга болничка зграда, која е покриена со снег.

Наводно, досега се евакуирани околу 350 луѓе.

Досега пожарот е локализиран на 300 метри квадратни. Засега не се познати причините за пожарот. Наводно пожарот настанал од неодамна реновираниот покрив.

Сведок изјавил дека итната помош пристигнала за три минути од пожарот.

Засега нема информации за бројот на жртвите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ