По ажурирањето на руската нуклеарна доктрина, во светот се зголеми загриженоста дека една од светските земји би можела да му нанесе таков удар на својот непријател, а платформата „Полимаркет“ понуди можност за обложување дали нуклеарен напад ќе се случи пред крајот на 2024 година.
Во понудата се наведува дека доколку нуклеарното оружје се употреби било каде во светот во периодот од 1 јули 2024 до 31 декември 2024 година, облогот „Да“ е победник, пренесува Униан.
Според украинската агенција, процентот на луѓе кои се обложиле дека нуклеарен удар ќе се случи пред крајот на годината бил прилично низок.
Откако Владимир Путин ја одобри новата нуклеарна доктрина, луѓето почнаа сѐ почесто да се обложуваат дека тоа е можно (во просек околу 15 отсто), се вели во соопштението на „Полимаркет“, американската финансиска берза и најголемиот светски пазар за предвидувања, со седиште во Менхетен.
WILL A NUCLEAR WEAPON DETONATE IN 2024?
— The Maltepes Report (@MaltepesReport) October 31, 2024
Odds of Nuclear Weapon detonating in 2024 rises to 21% chance, per Polymarket odds pic.twitter.com/09nidaZyhI
Забележано е дека заклучно со денес, 9 отсто од луѓето веруваат дека една од светските земји може да изврши нуклеарен напад пред крајот на 2024 година. Останатите се убедени дека тоа нема да се случи.