Громогласен аплауз се слушнал во судницата кога судијата Џефри Фајбер и соопштил на поранешната ѕвезда на ТикТок Али Абуладан (32) дека е осуден на доживотна затворска казна.
- Ќе умреш во затвор, никогаш повеќе нема да бидеш слободен човек и таму ќе умреш, му рекол судијата.
Со затворска казна од вкупно 100 години завршува едно од најспектакуларните судења во американската држава Калифорнија.
Абуладан, попознат како JinnKid на ТикТок, имал над милион следбеници.
Во 2021 година, тој ја застрелал својата поранешна партнерка Ен Мари Абуладан, бидејќи не можел да се справи со фактот дека таа го напуштила затоа што трпела долгогодишно насилство.
Абуладан инсталирал шпионски софтвер на телефонот на својата ќерка и дознал дека неговата поранешна сопруга има нов партнер.
Инфлуенсерот ги пронашол Ен Мари и Рејбурн Барон (29) во стан во Сан Диего и ги убил со четири истрели.
Ја повикал мајка си и ги признал убиствата. На суд се правдал дека бил избезумен и под дејство на наркотици.
Судијата го нарече Абуладан „актер“ и „многу себична личност“. Тој имал изливи на гнев и солзи за време на судењето, а казната од 100 години ја смета за „неправедна“.