Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Холандија ќе ангажира приватни безбедносни фирми во Северното Море поради руските закани

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Одлуката доаѓа откако холандската воена разузнавачка агенција објави извештај минатата година во кој се вели дека инфраструктурата на Холандија во Северното Море, како што се гасоводи и турбините на ветер, била цел на руска саботажа. 

-Оваа мерка има за цел да ја пополни празнината додека два нови повеќенаменски бродови не бидат прифатени во морнарицата, што се очекува во 2026 година, рече портпаролот на Министерството.

Агенцијата не прецизираше со кои компании разговарала, ниту дали разговарала само со холандски или европски компании.

Претходно оваа недела, два подводни комуникациски кабли со оптички влакна во Балтичкото Море беа отсечени, вклучително и кабел што ги поврзува Финска и Германија, што предизвика сомневања за саботажа. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ