„Со цел да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи... Со ова прогласувам вонредна состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата, обвинувајќи ги опозициските сили за контрола парламентот, сочувствувајќи со севернокорејскиот режим и „парализирајќи ја владата со антидржавни активности“.
Новинарот Барак Равид на Х напиша дека портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа му рекол дека администрацијата на Бајден е во контакт со јужнокорејската влада и дека „внимателно ја следи ситуацијата“.
White House National Security Council spokesperson told me the Biden Administration is in contact with the South Korean government and "is monitoring the situation closely"
— Barak Ravid (@BarakRavid) December 3, 2024
Северна Кореја минатиот месец ги прекина електричните водови инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк и дигна во воздух делови од патишта што ја поврзуваат со Јужна Кореја, северно од воената демаркациска линија.
Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Џеонги и Донге, и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона. /МИА