Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Големи поплави во Кина: Евакуирани се 60.000 луѓе, десетина се водат за исчезнати (ВИДЕО)

22 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што јавува Би-Би-Си, поплавите се предизвикани од обилните врнежи, бидејќи дождот со денови не престанува да паѓа.

Тоа е најнаселената провинција во Кина, а според локалните власти најмалку 11 лица се водат како исчезнати поради невремето. Државните медиуми објавија снимка на која се гледаат големи површини под вода, додека спасувачките тимови превезуваат луѓе на чамци. Надлежните тврдат дека внимателно ја следат состојбата бидејќи неколку големи реки се излеале од коритата.

Метеоролозите изјавија дека северниот дел на провинцијата Гуангдонг е загрозен од поплави кои се случуваат еднаш на сто години. Врвот на поплавниот бран се очекува денеска, по што се очекува постепено смирување на состојбата. Најголемиот дел од оваа кинеска провинција се наоѓа на мала надморска височина.

Голема површина е окупирана од делтата на реката Перл, која е подложна на поплави поради честото подигање на нивото на морето и бранови на бури. Делтата на оваа река се смета за една од најплодните области во Кина. Во целата провинција Гуангдонг живеат околу 127 милиони луѓе.

Околу 1,16 милиони луѓе останаа без струја поради поплавите, а беа погодени и неколку градови. Во текот на изминатиот викенд состојбата со струјата беше средена. Сепак, поради силниот дожд, повеќе од десет летови на меѓународните аеродроми беа откажани, додека училиштата се затворени во најмалку три града.

Се проценува дека стотици куќи се оштетени или целосно уништени. Властите ја процениле директната економска загуба на околу 140 милиони јуани (околу 20 милиони долари). На социјалните мрежи беа објавени видеа од поројот кој уништува мостови, патишта и куќи.

- Моето семејство мораше да го премести целиот мебел од приземјето на првиот кат од куќата. Се надевам дека нема да биде ниту поплавено - изјави еден од корисниците на социјалната мрежа Waibo.

Метеоролозите предупредија дека врнежите во провинцијата Гуангдонг и крајбрежните области се очекува да престанат утре.

– Умерени до обилни врнежи се очекуваат во Пекинг и градовите Тијанџин и Хејбеи, соопштија властите.

Минатата година, Пекинг и провинцијата Хуабеи беа погодени од најлошите поплави во последните 140 години.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ