Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани

27 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според ФСБ, Спектор собирал и пренесувал доверливи биотехнолошки и биомедицински информации, вклучително и државни тајни, на странски субјекти поврзани со Пентагон. Целта била да се создаде систем за генетски скрининг за руските граѓани.

Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението.

Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ