Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бајден денеска немал јавни должности, пренесува Ројтерс.

Тој се врати вчера вечерта од патувањето во Јужна Америка, каде што учествуваше на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро. Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи.

„Среќен роденден на мојот драг пријател и нашиот неверојатен претседател Џо Бајден“, објави американската потпретседателка Камала Харис на платформата X.

Бајден се повлече од претседателската трка во јули 2024 година делумно затоа што гласачите веруваа дека тој е премногу стар за таа работа и поради загриженоста за неговиот ментален капацитет по лошиот настап во дебатата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во јуни.

Трамп (78), кој ја победи демократската кандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември, ќе го надмине рекордот на Бајден за време на неговиот втор мандат, имајќи предвид дека тој ќе има 82 години и седум месеци за време на следната претседателска транзиција во 2029 година.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ