Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Анкета: Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми

6 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Економијата е најважниот од проблемите што американските гласачите ги разгледуваат во оваа изборна година и одредува кому ќе дадат доверба на следните претседателски избори, но исто така важни прашање се инфлацијата, криминалот и безбедноста или имиграцијата и пристапот до абортус.

Според најновата анкета на Ипсос и „Еј-би-си њуз“ 88 отсто од испитаниците укажале дека економијата им е најважана во овие избори. Мнозинството или 46 отсто би дале доверба на Доналд Трамп во справување со економијата, додека 32 отсто доверба би дале на Џо Бајден.

Втор по значајност проблем на овие избори е инфлацијата (87 отсто). Како и со економијата, мнозинство од испитаниците или 44 отсто би му ја дале довербата на Трамп во справување и со инфлацијата, додека само 30 отсто би му ја дале на Бајден.

Трамп исто така води со 41 отсто наспроти 33 отсто и во справувањето со криминалот и безбедноста, проблем за кој 77 отсто од испитаниците рекле дека е најважна.

Во проблемот справувањето со заштитата на демократијата е изедначено, односно 38 отсто од испитаниците рекле дека би му дале доверба на Трамп, исто толку и на Бајден.

Во пробемот здравствена заштита води Бајден. Односно 39 отсто од гласачите би му дале нему доверба во справување со здравствената заштита, наспроти 34 отсто на Трамп.

Во давањето доверба за справување со проблемот на имиграцијата на американско-мексиканската граница убедливо води Трамп кому дале доверба 47 отсто од испитаниците, додека Бајден добил доверба од 30 отсто.

За проблемите оружено насилство и позицијата на САД во светот гласачите исто така повеќе доверба би дале на Трамп отколку на Бајден (37 наспроти 34 отсто и 41 наспроти 34 отсто).

Во горливиот пробем со пристапот до абортусот, 41 отсто од испитаниците доверба даваат за Бајден наспроти 29 отсто за Трамп.

И во последниот по значајност проблем – војната меѓу Израел и Хамас води Трамп, 37 отсто од испитаниците довербата за ова би ја дале за него, наспроти 29 отсто за Бајден.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ