Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, подготвува голем трансфер уште оваа зима. Според пишувањат ана англиските весници, Ливерпул е заинтересиран за 25-годишниот напаѓач Брајан Мбеумо од Брентфорд, кој е во импресивна форма, откако веќе постигна осум гола во 11 настапи за „пчелите“ оваа сезона.
На Мбеумо му е најудобно да игра како десно крило / напад, што веројатно е прв чекор кон обезбедување на достојна замена за Мохамед Салах. Тимот на Слот може да има силна конкуренција за да го ангажира играчот, бидејќи Њукасл Јунајтед го „гледа“ Мбеумо како приоритет исто така оваа зима.
Ливерпул наводно е подготвен да плати до 50 милиони фунти за играчот на Брентфорд.