Владан Милојевиќ по поразот од Милан 2-1 на гостински пред медиумите об дека никогаш не бил погорд на својот тим, а неговиот тим заслужил најмалку бод на „Сан Сиро“. Ваквиот резултат целосно би ја вратил Звезда во игра за премин во нокаут фазата, што сега е речиси невозможна мисија бидејќи српскиот шампион ќе зависи и од други резултати.
„Не можам да се пожалам за ништо. Игравме доста добро, примивме гол од грешка. Вакви работи се случуваат. Мислам дека имавме многу шанси за гол.
Немавме проблеми на теренот и покрај големиот притисок од Милан. Дојдовме овде за три бода или бод…Дојдовме да играме. Не успеавме затоа што некој не сака да ти го даде. Ме познавате, никогаш ништо не сум коментирал. Ова беше голем срам. Не можеш да му го правиш ова на некој во ЛШ така дрско и безобразно, со насмевка на лицето…Тоа е фудбалот. Доаѓаме од мала балканска земја, со многу проблеми и предизвици. Јас сум најгордиот човек на светот. Знаете дека имаше натпревари кога примивме многу голови. Не ни беше досуден чист пенал во Монако. Зошто? Нема да навлегувам во тоа, не е во описот на мојата работа. Им честитам на момците за храбрата игра. Поентата останува за жалење“, изјави Владан Милојевиќ.