Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Левандовски нема намера да ја напушти Барса, Шпанците го открија неговиот план

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски се чувствува одлично во клубот и сака да потпише нов договор на уште две години. 36-годишниот Полјак повторно ја најде својата најдобра форма од почетокот на сезоната и досега има 19 гола на 17 натпревари во сите натпреварувања. Тој е повеќе од среќен во Барса и нема намера да си замине, па дури е подготвен да се посвети на клубот на подолг период, пишува „Спорт“.

Актуелниот договор на Левандовски, кој истекува на лето, има клаузула која автоматски ќе се обнови за уште 12 месеци доколку напаѓачот учествува во 50% од натпреварите на тимот оваа сезона. Сепак, Полјакот планира да им даде предлог на газдите дека неговиот договор не е само до 2026 година, туку на две години до 2027 година.

Лева дојде во Барса од Баерн во 2022 година. По почетниот несигурен старт, тој постепено се смести во клубот и го покажа својот голгетерски талент, забележувајќи 112 настапи, 78 гола и 19 асистенции за Каталонците до денес.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ