Фудбалерите на Црвена звезда оставија одличен впечаток во Милано и покрај поразот од 2-1, а на домаќинот не му беше лесно да ја оправда улогата на фаворит, а тоа го покажаа и зборовите на тренерот Пауло Фонсека по натпреварот.
„Се чувствувам повеќе уморен отколку кога играв“, ја започна својата изјава Фонсека за Sky Italia.
“Јас сум некој кој не може само да биде среќен со резултатот. Не можам да прифатам да бидам среќен со она што го видов вечерва. Очигледно резултатот е најважен, победивме и сме во добра позиција, но таков сум, не можам да го сменам тоа, уморен сум да се борам против такви работи, прво треба да разговарам со тимот, не сакам прво да го кажам тоа во јавност, но некои работи ми се очигледни не сум задоволен од играта“, јасен беше Фонсека по мечот.
„Не се работи за тактика или техника. Влегуваме во решавачки натпревар за нас и да го имаме ова чувство дека не даваме се од себе е најлошото чувство за тренер. Нашиот тим е како тобоган – еден ден е добро, следниот не можеш да го кажеш тоа. Исто е како кога фрлаш паричка и чекаш да видиш што си добил, знам дека работам секој ден и не знам дали може да го кажеме тоа. Имаме обврска да дадеме се од себе за да победиме, а ние не го сторивме тоа. Играчите мора да сфатат дека тоа не смее да се случи“, изјави Португалецот.
Во Италија изминативе недели често се зборуваше за потенцијално заминување на португалскиот стручњак од местото тренер на првиот тим на Милан, но по најновата победа неговата позиција засега е барем сигурна.