Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Аморим веќе доби прекар од своите нови играчи

20 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе му најдоа „прекар“ на новиот тренер Рубен Аморим.

Аморим (39) пристигна во клупскиот тренинг центар Карингтон во понеделникот и беше пречекан од неколку членови на хиерархијата на „црвените ѓаволи“ – вклучувајќи ги спортскиот директор Ден Ешворт, извршниот директор Омар Берада и техничкиот директор Џејсон Вилкокс.

„Сан Спорт“ објави дека играчите се „шокирани“ од самодовербата на Аморим кој во многу нашта наликува на Мурињо.

„Дури и пред првата сесија во понеделник, играчите беа многу импресионирани. Тие се воодушевени од неговата енергија, пристап и самодоверба. Играчите мислат дека тој е многу пристапен и дека ќе ги разбере. Некои од нив веќе го нарекуваат Мурињо 2.0.“, вели извор од Карингтон.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ