Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави зголемување на платите и на медицинскиот персонал. Таа не кажа колку ќе изнесува покачувањето, но најави дека ќе го има.
По зголемување на платите во образованието, вели дека мора да се покачат и платите на вработените во здравството, не но на докторите, чии плати изминатиот период бележеле пораст
„Очекуваме сега и во здравството да видиме, особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде бидејќи тие во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри“, вели министерката.
"Ако се полни буџетот со ваква динамика, како во изминативе 100 дена, ќе има и за покачување на платите во другите сектори," вели Кочоска.