Времето ќе биде облачно со слаб дожд уште од ноќта, а потоа
и преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на
планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието
краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде
во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд од преку
ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10
степени.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа
ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од
дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од
земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до
засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот
времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.