<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">За денешната
фрлена експлозивна направа во двор во скопска Керамидница, министерот за
внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека во изминатите неколку години
институционално биле засилени одредени криминални групи во Скопе и другите
градови. Според него, се прегледувало низ прсти и им било овозможувано да
работат спротивно на законот.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тошковски на
платформа во Владата, одговарајќи на новинарски прашања потврди дека бомбата
била фрлена во дворот на Раде Трајковски-Штекли.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">-Случајот
настанал во 9:20 часот. Информациите кои ги добив се дека лицето не е во
животозагрозувачка состојба и дека се постапува од страна на службите во МВР.
Тоа можам да го кажам во моментов, кажа министерот.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">-Ќе следат и
други постапки. Покажавме дека јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот.
Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во моментов. Лошо е
што криминалните банди си хараат и денес, но соодветно и сурово ќе одговориме
кои што го попречуваат мирот на македонските граѓани. Убиства имало и ќе има,
фрлање бомби имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите ќе
одговарат на ваквите бандити и криминалци. Мислам дека за краткиот временски
период покажавме дека имаме капацитет да одговориме. Отвораме војна против
ваквите криминалци, потенцира Тошковски.</span>