<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Денеска во
Кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче, а сведочи </span>Ерол
Османи, предложен од обвинителството. <span lang="MK" style="mso-ansi-language:
MK"></span>
Османи, кој го познава Љупчо Палевски – Палчо од 2000-тите
години, сведочеше за нивната комуникација и средби, вклучувајќи детали за
возилото и неговите активности на деновите поврзани со случајот.
„Му помагав на Палчо во издавањето на весникот ‘Глобал’. Бев
повикан од уредници да помогнам бидејќи не одеше како што треба. Имам познавања
од мрежи и компјутери,“ изјави Османи, опишувајќи го нивниот професионален
однос од минатото<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, пренесе ТВ21</span>
На прашање од обвинителството за средбата на 28 ноември 2023
година, Османи објасни дека Палчо му се јавил претходниот ден и ја одложил
посетата заради настинка. „Ми рече дека е настинат и не можел да дојде на
27-ми,“посочи Османи. Според него, Палчо пристигнал кај него на 28-ми ноември
со бело возило. „Беше некое пикап бело, мислам француско возило. Забележав
вдлабнатина на возачката врата,“ додаде тој.
На прашањето од јавниот обвинител дали Палчо некогаш доаѓал
со оружје, Османи одговори: „Не.“ Османи исто така истакна дека нивната
комуникација обично се одвивала преку телефон или Фејсбук Месинџер, бидејќи
Палчо често не одговарал на телефонските повици.
Во своето сведочење, Османи ги спомена и здравствените
проблеми на Палчо, истакнувајќи дека знаел за неговите проблеми со кичмата.
„Знам дека имаше последните две години проблем со кичмата, но не ми спомена
дека планира патување и лекување,“ рече Османи.
Во вкрстеното испрашување од страна на Палчо, Османи потврди
дека на 28-ми ноември имал комуникација со него. „Во 11:42 ми потврди дека ќе
дојде. Ми рече дека е на подкаст во живо, ќе ја земе ќерка му од Алкалоид и
потоа ќе дојде кај мене,“ објасни Османи.